ПОЧЕТНА НБА Ембид кандидат за МВП и дефанзивец на годината, Милвоки што?

Ембид кандидат за МВП и дефанзивец на годината, Милвоки што?

сподели
USA Today

Играчот на Филаделфија реализира 41 поен со 13 скока, за победа против Клиперс од 122:113. Домашната публика скандираше МВП, за кошаркарот што веќе има 6 меча со најмалку 30 поени и 10 скока.

Селтикс поставија рекорд на франшизата со 24 тројки на еден натпревар (НБА рекордот е 25, Кливленд), против Бакс кои што го доживеаја првиот пораз сезонава, со 117:113. Ирвинг имаше 28 поени, од кои 6 беа тројки.

Аплицирајте веднаш за

Учинокот на Расел Вестбрук беше 29 поени со 10 асистенции и 8 скока. Во победата на Оклахома против Шарлот со 111:107 му помогнаа Абринес со 25 поени, од кои 5 тројки и Шредер со 21 поен, во пресвртот по 19 поени негатива.

Хуан Ернангомез имаше 23 поени во победата на Денвер против Кливленд со 91:110, кај поразениот домаќин се истакна Џордан Кларксон со 17 поени.

Дејмијан Лилард постигна 26 поени за славје на Портланд со 132:119 против Њу Орлеанс, во другиот табор 29 имаше Џулиус Рендл.

Резултати на 2-ри ноември (ESPN)

ДиАрон Фокс реализира 31 поен во триумфот на Сакраменто против Атланта со 115:146, Џереми Лин имаше 23 поени на спротивната страна.

Во следниот натпреварувачки ден, најзвучниот дуел ќе биде мечот меѓу Голден Стејт Вориорс (5 победи во низа) и Минесота Тимбервулфс (2 победи во низа). Гостите имаат два триумфа по ред, протов шампионот.