ПОЧЕТНА Европски лиги Ел Класико за титулата во Шпанија

Ел Класико за титулата во Шпанија

сподели
ACB Photo / E. Casas

Во само три натпревари Реал Мадрид и Барселона го решија прашањето за учесниците во финалната серија од АЦБ лигата.

Актуелниот шампион со 3:0 ја победи Валенсија, а со истиот резултат „каталонците“ славеа против Сарагоса на Лестер Бо МекКејлеб.

Ова значи дека Барселона по три години се враќа во финалето во кое претходно играше точно една деценија. По 15-ти пат во историјата, двете најдобри шпански екипи ќе се борат за титулата во домашното првенство.

Освен тоа Светислав Пешиќ по 27-ми пат во својата кариера ќе предводи еден од протагонистите за титулата во финална серија. Борбата за титулата почнува на 15-ти јуни, предноста на домашниот терен ја има Реал Мадрид.

Оваа сезона вечните ривали се сретнаа пет пати во сите натпреварувања (АЦБ лига, Копа дел Реј и Евролига), Барселона води со 4:1.