ПОЧЕТНА АБА Екс-тренерот на Карпош Соколи се враќа во АБА лигата

Екс-тренерот на Карпош Соколи се враќа во АБА лигата

сподели

По кратката епизода во Полска, Драган Николиќ најде нов ангажман и повторно ќе води екипа во регионалното натпреварување.

Тој е назначен за нов тренер на босанскиот првак Игокеа кој се раздели со Жарко Милаковиќ. Всушност, Николиќ е трет тренер на тимот од Александровац оваа сезона бидејќи на почетокот екипата ја водеше Ненад Трајковиќ.

Аплицирајте веднаш за

Српскиот стручњак почна во полскиот тим Кошалин, но од таму си замина пред околу еден месец. Во нашата кошаркарска јавност е познат по тоа што во сезоната 2016/17 го водеше Карпош Соколи и со него ја освои титулата во Купот на Македонија, единствен трофеј во историјата на овој клуб.

Пред Николиќ има многу работа, Игокеа има ист број бодови со екипи кои се наоѓаат од 8-та до 12-позиција на табелата и до крајот на сезоната ќе води жестока борба за опстанок. Своето деби на клупата ќе го забележи на 28 декември против Цибона.