ПОЧЕТНА Избор на уредникот ЕКСКЛУЗИВНО: Куманово останува кошаркарски град, гратис влез за МЗТ

ЕКСКЛУЗИВНО: Куманово останува кошаркарски град, гратис влез за МЗТ

сподели
Момент од дуелите на МЗТ Скопје и Куманово, минатите сезони.

Од тукушто завршениот состанок меѓу в.д. претседателот на КК Куманово и градоначалникот на овој град, добивме информација дека градските власти нема да ја остават кошарката на цедило, но ќе мора да се најде и финансиска инјекција од приватниот сектор, како што е тоа пример секаде во светот.

„Зборував со новиот градски татко, Максим Димитриевски кој што не охрабри со ставот дека кошаркарскиот клуб останува под закрила на Општината.

Приоритет на Куманово ќе биде добивање на еден нов модерен дом на спортот, односно спортска сала со модерен изглед, нешто што Кумановци и тоа колку го заслужуваат.“ – изјави за basketball.mk, Младен Давидовиќ.

Според општите информации кои што и се достапни на јавноста, новите локални власти ревидираат се што се случувало изминативе години и поставуваат нови параметри на функционирање.

Новата управа на КК Куманово ќе има задача да најде и дополнителни средства, финансии од останати спонзори, со што клубот ќе може да биде конкурентен за високи резултати.

„Како што најавив веднаш по „седнувањето“ на новата позиција, а го потврдивме и на состанокот со градоначалникот, буквално нема да спијам и ќе се трудам во периодот додека сум прв човек на нашиот клуб, да најдам средства да функционираме и да се бориме за трофеите, а воедно и да поставам организациска структура што ќе биде гордост за Куманово.“ – рече в.д. претседателот Давидовиќ, за basketball.mk.

Аплицирајте веднаш за

Влезот на натпреварот од македонската прва лига, против екипата нз МЗТ Скопје Аеродром, ќе биде слободен затоа што датумот (11 ноември) се совпаѓа со денот на ослободувањето на Куманово од фашистичката власт.

Вратите на спортската сала ќе бидат отворени за сите љубители на кошарката и на спортот воопшто, кои што ќе сакаат да го бодрат својот омилен клуб, во дуелот со актуелниот и 6-кратен шампион на Македонија.