ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА ЕКСКЛУЗИВНО ВИДЕО: Се тресе соблекувалната – македонските кадети слават

ЕКСКЛУЗИВНО ВИДЕО: Се тресе соблекувалната – македонските кадети слават

сподели

Кадетската репрезентација е пред најголемиот успех на македонската младинска кошарка уште од генерацијата на браќата Стојановски, Предраг Самарџиски, Бојан Трајковски, Александар Костоски и останатите.

Одамна една наша селекција не успеала да се пласира во нокаут фазата или да дојде до борба за медалите.

Кадетите се на чекор до таков успех, им треба победа против отпишаната Норвешка или пораз на Белгија од Русија во последното коло.

Аплицирајте веднаш за

Од тие причини е нормална еуфоријата кај нашите кошаркари кои знаеја како да го прослават триумфот во тешкиот дуел против Данска.

Соблекувалната се тресеше, се надеваме дека вака ќе биде на секој натпревар до крајот на првенството.