ПОЧЕТНА АБА Екипи од Косово влегуваат во АБА лигата на местото на српските!?

Екипи од Косово влегуваат во АБА лигата на местото на српските!?

сподели
фото: Crvena zvezda mts

Тотална реконструкција може да доживее регионалното натпреварување ако се покажат точни информациите на медиумите кај нашиот северен сосед.

Според нив, дошло до дополнување на списокот на клубови кои се поканети на неформалниот состанок кој треба да се одржи на 7 мај во Загреб. Средбата е свикана на иницијатива на Будуќност, а бојкотирани се клубовите каде главен е Небојша Човиќ – Црвена Звезда и ФМП.

Сепак, иако поканети, Партизан и Мега Бемакс одбиле да присуствуваат на состанокот бидејќи сметаат дека на него ќе се носат одлуки кобни за српската кошарка и не сакаат да учествуваат во такво нешто.

Неофицијално се зборува дека останатите осум клуба, дополнети со Олимпија, ќе ги исклучат српските екипи, а на нивно место ќе внесат учесници од Косово. Иако ова е интерно прашање, треба да се слушне и мислењето на челниците на Евролигата ако се знае дека победникот од АБА обезбедува место во европската кошаркарска елита.