ПОЧЕТНА АБА Екипите од АБА лигата се избегнаа во Еврокупот

Екипите од АБА лигата се избегнаа во Еврокупот

сподели

Регионалните претставници во Еврокупот, Цедевита, Партизан и Будуќност се избегнаа во групната фаза од ова натпреварување.

На ждрепката одржана денеска, трите екипи добија силни противници и ќе имаат мошне тешка задача да изборат пласман во следната фазата. Во годинашното издание од Еврокупот играат 24 екипи од 12 земји, а ќе учествуваат и пет поранешни освојувачи на ова натпреварување.

Аплицирајте веднаш за

Главната фаза се игра во периодот од 11 октомври до 27 декември со една пауза од 20 до 27 ноември. Најдобрите четири екипи од секоја група продолжуваат во Топ 16 при што повторно се формираат четири групи од по четири екипи и натпреварите се играат од 3 јануари до 7 февруари 2018 година.

Првопласираните две екипи од секоја група потоа одат во четвртфинале кое почнува на 6 март. Полуфиналните серии стартуваат на 20 март, а финалната на 10 април. Во финалето се игра на три добиени натпревари.