ПОЧЕТНА Други првенства Еден Словенец си отиде, друг „гази“ во Реал

Еден Словенец си отиде, друг „гази“ во Реал

сподели

Актуелниот шпански и европски шампион со трофеј ја почна новата сезона. Овој е најмалку значаен од сите кои ги освои годинава, но ќе послужи за кревање на самодовербата по низата промени во составот во текот на летото.

Од екипата си замина најдобриот играч во Евролигата за минатата натпреварувачка кампања Лука Дончиќ, но Реал донесе нов Словенец кој е најзаслужен за победата во Супер купот на Шпанија против Басконија со 80:73.

Аплицирајте веднаш за

Клемен Препелиќ беше договорен уште лани по триумфот на Словенија на Европското првенство, но дојде ова лето и веднаш покажа дека се работи за одличен играч. За безмалку 12 минути на теренот, постигна 13 поени, со три тројки од четири обиди, најголем дел од нив во третата и последната четвртина кога Реал направи пресврт и поведе со седум поени разлика (71:64).

Сепак, МВП признанието замина во рацете на Серхио Љуљ кој постигна 15 поени, три асистенции и два скока.

Ова е петти триумф за Реал во Суперкупот на Шпанија со што се израмни со својот противник Басконија. За тренерот Пабло Ласо, тоа е 16. трофеј како предводник на “кралскиот клуб”.