ПОЧЕТНА АБА Еден Иванов малку за МЗТ Скопје

Еден Иванов малку за МЗТ Скопје

сподели

Единствениот македонски претставник во АБА 2 го претрпе третиот пораз оваа сезона, втор во Словенија.

Како последица на слабата одбрана, но и малиот број расположени играчи, Рогашка го победи МЗТ Скопје со 102:90. Одлучи лошото прво полувреме во кое нашиот тим прими 64 поени и имаше 16 поени негатива.

Аплицирајте веднаш за

Уште во 18. минута, кога Рогашка поведе со 62:43 беше јасно дека на МЗТ Скопје ќе му треба многу напор за да го совлада тимот кој има максимален ефект на домашен терен. Функционираше шутот од далечина на домаќините кои погодуваа речиси се што им беше дозволено.

Се чинеше дека аеродромци ќе фатат приклучок кога на почетокот од третата четвртина направија серија од 10:0 и се доближија на -9 (67:58), потоа и на 70:63, но повторно со неколку тројки и реализираа на најдобриот играч Вашл, Рогашка направи 15 поени предност (85:70).

Во последната четвртина МЗТ Скопје дојде и на само шест поени негатива (90:84 и 92?86), но немаше сили да направи пресврт.

Убедливо најефикасен играч во нашата екипа беше Иве Иванов кој постигна 30 поени, а ги одигра сите 40 минути. Втор натпревар по ред, Хрватот е лидер во МЗТ Скопје, но за разлика од мечот со Динамик, сега тоа не беше доволно.

Покрај него се истакна и Лестер Медфорд кој на 19. поени додаде 11 асистенции., а двоцифрени беа уште Бојиќ, Вудард и Симоновски.

Во следното коло МЗТ Скопје го пречекува црногорскиот претставник Сутјеска.