ПОЧЕТНА Евролига Европскиот десерт, за Олимпијакос

Европскиот десерт, за Олимпијакос

сподели
euroleague.net

Олимпијакос го совлада Реал Мадрид со 88:83 во големото дерби, за првиот пораз сезонава за актуелниот европски шампион. Најџел Вилијамс-Гос имаше 23 поени, 6 скока и 4 асистенции, Василис Спанулис имаше 20 поени во триумфот на пирејците кои што сега имаат скор 5 победи и 4 порази.

Џејси Керол имаше 16 поени, а Факундо Кампацо 14 со личен рекорд од 13 асистенции, во првата загубена средба на рекордерот според европските титули – 10 во елитното натпреварување.

euroleague.net

Фенербахче одигра маестрално второ полувреме за гостинска победа воТел Авив, со 70:74 за скор 8/1. Марко Гудуриќ постигна 13 поени во 4 минути во последната четвртина кога беше решен победникот, Костас Слукас постигна вкупно 18 поени, Јан Весели имаше 11 за турската екипа.

Аплицирајте веднаш за

Анџело Калојаро имаше 17 поени со 7 скока, Скоти Вилбекин 15 поени за домашните, кои што имаат само една победа сезонава.

euroleague.net

Анадолу се прицврстува на врвот со победата кај Дарушафака, со 88:93. Тоа беше четврта победа во низа за Ефес, за скор 7/2, додека противникот има 1/8 на дното на табелата. Бубоа имаше 24 поени за победникот, Мајкл Ерик имаше 18 за поразените.

Баерн Минхен ја забележа првата гостинса победа сезонава, со 74:89 кај Гран Канарија. Германската екипа има четири победи, шпанската го регистрира седмиот пораз. Маодо имаше 22 поена за победникот, а Ериксон и Балвин по 15 кај поразените.

euroleague.net

Барселона и Милано со дерби пресметката, односно Жалгирис и Химки, Басконија и Панатинаикос и Будуќност и непроазената ЦСКА Москва, ќе го затворат 9-то коло (23.11.2018) во престижното клупско кошаркарско натпреварување.