ПОЧЕТНА НБА Европската врска проработе, Бакс на половина пат до финалето

Европската врска проработе, Бакс на половина пат до финалето

сподели
фото: Milwaukee Bucks

Јанис Адетокумбо имаше 30 поени со 17 скока, мечот го почна со забивање, блокада и уште едно забивање, по што беше поставен ритамот на кој што нема(ше) кој да му парира. Иљасова додаде 17 поени во победата 125:103 против Торонто, за 2:0 во источното финале.

Ленард имаше 31 поен за поразената екипа, која што губеше од првата до последната секунда. До големото финале, Милвоки го делат уште две победи. Следните два дуела се играат во Канада, а потоа се игра најизменично на двата терена, до 4 победи или максимални 7 натпревари.