ПОЧЕТНА Евролига Европа ќе добие нов шампион!

Европа ќе добие нов шампион!

сподели
euroleague.net

Реал Мадрид нема да ја брани круната во Евролигата, во мечот за титулата ќе играат ЦСКА и Анадолу Ефес.

„Кралевите“ имаа добитна комбинација во дуелот со рускиот првак, водеа со 14 поени разлика во третата четвртина, но не успеаја да ја задржат предноста и на крајот ЦСКА победи со 95:90.

euroleague.net

Пресвртот на седумкратниот европски првак почна со серијата од 7:2 во последните минути од третиот период, а продолжи во последните десет минути. При водство на Реал од 69:78, ЦСКА направи 7:0 за само -2, а една минута подоцна израмни на 80:80. Уште една серија од 8:0 ги однесе Русите на 89:85, па Реал до крајот не успеа да ја надополни негативата.

euroleague.net

Серхио Родригез беше кобен за својот поранешен клуб, постигна 23 поени, исто колку и Нандо де Коло со тоа што Французинот дури 13 поени реализира од линијата за слободни фрлања.

euroleague.net

Кај Реал, Козер постигна 18 поени, а Љуљ 13, но шпанскиот репрезентативец имаше 1/10 за тројка.

Натпреварот за титулата во Евролигата се игра на 20-ти мај од 20:30 часот.