ПОЧЕТНА Евролига Евролигашки Будуќност со екс-играч на Барселона

Евролигашки Будуќност со екс-играч на Барселона

сподели
фото: euroleague.net

По 17 години најтрофејниот црногорски клуб се враќа во Евролигата и ги прави сите напори тоа да биде на спектакуларен начин.

Веќе почна да го крои тимот за новата сезона, а засега најзвучно име е последното засилување.

Во Подгорица доаѓа францускиот интернационалец Едвин Џексон, довчерашен член на Барселона кој може да игра на позициите 1 и 2. Лани како член на Естудијантес беше најдобар стрелец во шпанското првенство по што замина во Кина, но се врати во Европа во дресот на Барса.

Аплицирајте веднаш за

Во текот на својата кариера беше член уште и на Нантер, АСВЕЛ, Руен и Уникаха, а во 2014 година со француската репрезентација освои бронза на Светското првенство.

Пред Џексон, Будуќност се засили со Американецот Коти Кларк, а претседателот на клубот Драган Бокан за летово најави уште 2-3 екстра кошаркари.