ПОЧЕТНА АБА Дуелот со Сплит ќе биде и хуманитарен – заедно да му помогнеме...

Дуелот со Сплит ќе биде и хуманитарен – заедно да му помогнеме на Борче Цветановски!

сподели
mztskopjeaerodrom.mk

Натпреварот од 6-то коло од АБА2-лигата против Сплит (18:00 часот) ќе го има и предзнакот хуманитарен, откако МЗТ Скопје Аеродром реши активно да се вклучи во акцијата за помош на Борче Цветановски при обезбедување средства за лекување во странство.

Станува збор за татко на наш голем навивач и член на групата „Фемили“, кому му е дијагностицирана ретката болест „амилоидоза“ за која нема лек во Македонија. Лекувањето во странство е прескапо, поради што семејството ќе биде најблагодарно за секоја и најмала помош.

Со оглед што влезот за дуелот со Сплит ќе биде бесплатен, управата на клубот реши на оваа средба да постави кутии за донации на повеќе локации во салата „Јане Сандански“ во кои спортските вљубеници ќе може да ја искажат својата хуманост и големо срце.

Аплицирајте веднаш за

Истовремено, веќе се прават планови за оваа цел да биде дониран приходот од влезниците од некој од следните домашните дуели, за што јавноста дополнително ќе биде информирана.

Сето ова, воедно, не е пречка за сите хумани луѓе уште веднаш да се обидат да му помогнат на Борче Цветановски и на неговото семејство во борбата со Амилоидозата со донација на средства на неговата трансакциска сметка : 530500015656921 во Охридска банка.

(преземено од mztskopjeaerodrom.mk)