ПОЧЕТНА Во позадина Другарите не го забораваат Горан Димоски

Другарите не го забораваат Горан Димоски

сподели

Пријателството меѓу искрените луѓе, е вечно. Живееме и заминуваме на овој свет, но нештата што ги оставаме зад нас се нашето наследство.

Група млади луѓе од Скопје се обидува да ги задржи сеќавањата за својот другар, преку турнир во баскет:

Меморијалниот турнир “Горан Димоски” ќе се оддржи на 14.09.2018 во спортската сала “Македонско Сонце” во склоп на Основното училиште “11 Октомври” во Општина Центар, Скопје. Турнирот почнува во 17:00 часот в петок (14.09.2018), в сабота (15.09.2018) во 18:00 часот и последниот ден, односно в недела (16.09.2018) во 11:00 часот.

Станува збор за непрофитен, меморијален турнир преку кој му оддаваме почит на нашиот прерано починат другар Горан. На турнирот ќе учествуваат 20 екипи и ќе се одвива по формат и правила на Fiba 3×3. Ве покануваме да дојдете и да присутсвувате.

Горан Димоски роден во Скопје на 03.01.1996, основното образование го стекнува во О.У. “Браќа Миладиновци”, средното образование го продолжува во С.Е.П.У.Г.С. “Васил Антевски-Дрен. Студира високо образование на American College во Скопје.

Горан го сакаше спортот со кој и се бавеше аматерски, особено кошарката. Беше хуман човек кој несебично им помагаше на сите оние на кои им беше потребна помош. Беше голем другар и беше секогаш тука за своите пријатели. Трагично починува на 03.03.2018.

Аплицирајте веднаш за

Спортот не обединува сите. Никогаш не смееме да заборавиме кои сме и што сме, пред се луѓе кои што би требало да се почитуваат едни со други.

Без разлика колку трае, животот секогаш ќе ни биде краток и треба да се ужива.