ПОЧЕТНА АБА Драма на Јадранот: АБА лига без српски екипи!?

Драма на Јадранот: АБА лига без српски екипи!?

сподели
фото: N. Paraušić

Пред Собранието на АБА лигата кое е закажано за 24 мај, ќе биде одржан неформален состанок на клубовите учесници во регионалното натпреварување.

Вечерње новости информираат дека средбата ја иницирало раководството на Будуќност, а на неа се поканети сите клубови освен српските. Не се запознати ниту челниците на АБА лигата.

Медиумите кај нашиот северен сосед во ова препознаа пакт против српските клубови, особено поради тоа што првиот човек на Будуќност, по контроверзното финале изјави дека не ја признава АБА и дека „лигата на Небојша Човиќ нема да ја играат“.

Уште посимптоматично е тоа што на средбата се поканети и претставници на Олимпија иако најтрофејниот словенечки клуб испадна од јадранската елита и, според правилникот на АБА, во ниеден случај не може да игра во АБА 1.