ПОЧЕТНА ЕВРОБАСКЕТ 2017 Драгиќ е МВП, сите ѕвезди во идеалната петорка

Драгиќ е МВП, сите ѕвезди во идеалната петорка

сподели

Капитенот на словенечката репрезентација Горан Драгиќ е прогласен за најдобар играч на Европското првенство.

Сосема очекувано по неговото фантастично издание во финалето, но и по целото првенство во кое блескаше. Во мечот за титулата кошаркарот на Мајами постигна 35 поени, седум скока, три асистенции и две украдени топки и има најголема заслуга за титулата.

Аплицирајте веднаш за

Заедно со него, во идеалната петорка се најдоа сите ѕвезди кои блеснаа на ова првенство, можеби со исклучок на Порзингис. Од словенечката репрезентација таму се најде и Дончиќ, а другите тројца се Пау Гасол од Шпанија, Алексеј Швед од Русија и Богдан Богдановиќ од Србија.