ПОЧЕТНА Во позадина ДОСЕГА НЕЧУЕНАТА ИСПОВЕД: Големиот Дражен загина беспотребно!

ДОСЕГА НЕЧУЕНАТА ИСПОВЕД: Големиот Дражен загина беспотребно!

сподели

Животот на секој еден човек е драгоцен, а она што ќе го прочитате во следните редови, се зборовите на сопатничката на Петровиќ и неговата девојка, на кобниот датум при смртта на славниот кошаркар.

„Не можам да сфатам зошто толку голем човек патуваше со нас во автомобил, а не со авион со неговите соиграчи.

Клара возеше пребрзо, бевме сами на автопатот, но одеднаш удривме директно во камион.

Дражен (28) излета низ шофершајбната, никој од нас немаше врзано појас. Тој загина на лице место.

Јас бев во кома долго време по случката.“ – изјави Хилал Едебал.

Несреќата се случи на 7-ми јуни 1993-та година, на автопат во Германија, кога Петровиќ се враќаше од квалификациски меч, за ЕП, на Хрватска во Полска.