ПОЧЕТНА ЕВРОПА Дончиќ и натаму руши рекорди, се подготвува за НБА лигата

Дончиќ и натаму руши рекорди, се подготвува за НБА лигата

сподели
acb.com

Последното во низата достигнувања на словенечкиот тинејџер, е признанието за МВП на месецот во АЦБ лигата, со што членот на Реал Мадрид ја намали старосната граница на добитниците на оваа индивидуална награда.

Лука Дончиќ има 18 години и 10 месеци, со што е најмлад добитник на едно МВП признание за еден месец во шпанската лига. Во декември, тој имаше просек од 16.7 поени, со 6 скока и 4.7 асистенции по натпревар.

Се погласно се шпекулира дека следната сезона Дончиќ ќе игра во НБА лигата и дека на претстојниот драфт ќе котира многу високо, во Топ 5, а дури се претпоставува дека може да се најде и на првата позиција.