ПОЧЕТНА НБА Дончиќ воодушевува дури и кога Далас губи

Дончиќ воодушевува дури и кога Далас губи

сподели

ЛА Лејкерс забележа значајна победа на гостувањето кај Далас со 97:107, за излегување од резултатската криза во која западнаа по повредата на својата најголема ѕвезда и најдобар играч, Леброн Џејмс.

До победата ги предводеше Инграм со 29 поени, а голема помош доби од Лонѕо Бол кој постигна 21. Но, и покрај поразот на Далас, американската јавност уште еднаш беше импресионирана од изданието на младата ѕвезда, Лука Дончиќ.

Аплицирајте веднаш за

Тинејџерот и дебитант во лигата, повторно одигра многу ефикасен натпревар со 27 постигнати поени, еден од неговите најефикасни откако е во најсилната кошаркарска лига. Покрај 27-те поени, тој забележа и 8 скока, 2 асистенции и по една блокада и украден топка.

Словенецот ги “излуде” американските коментатори со ефектните асистенции, забивањата и неколкуте поени од голема далечина со чекор наназад што станува негова специјалност. Американските коментатори на неговата маестрална асистенција кон Смит Џуниор извикуваа: “Каква елегантна асистенција”, а на неговото жестоко забивање после одличниот продор се восхитуваа: “Лука е агресивен забивач!”.

Додека Дончиќ поентираше со чекот наназад или популарно наречено step back, предизвикуваше воодушевување кај домашните фанови, а ниту тоа не остана незабележано од коментаторите на натпреварот кој коментираа: “Сите сакаат да се повлечат, кога Лука е на подиумот”