ПОЧЕТНА Куп на РМ ДОКУЗОВСКИ: Работнички нема квалитетна клупа, да играше Гинјард…

ДОКУЗОВСКИ: Работнички нема квалитетна клупа, да играше Гинјард…

сподели
фото: mkf.mk

Тренерот на Работнички испушти шанса го освои својот петти пехар во Купот на Македонија.

Деветкратниот освојувач загуби од градскиот ривал МЗТ Скопје и ќе почека на својот десетти триумф во тоа натпреварување.

Ова беше прв пораз на Работнички сезонава на домашна сцена по 16. победи во првенството и двете во Купот.

„Пред се би сакал да му честитам на МЗТ Скопје за освоената титула во Купот на Македонија. Денешниот натпревар беше празник за кошарката, Работнички и МЗТ потврдија дека се најквалитетни екипи во земјава и добро е што ова дерби повторно го враќа својот сјај.

Што се однесува до натпреварот, ние цело време бевме во негатива. Имавме проблеми и со лични грешки и со излегувањето на Трајковски и Крстевски стана јасно дека немаме многу шанси.

Да бидеме искрени, Работнички нема долга клупа, МЗТ Скопје е со поголем ростер и тоа најдобро се виде во ова финале. Не сакам да звучи како алиби, но да играше Гинјард веројатно приказната ќе беше поинаква”, изјави тренерот на Работнички.