ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА ДОКУЗОВСКИ: Не е изненадување шутот на Јаневски

ДОКУЗОВСКИ: Не е изненадување шутот на Јаневски

сподели

Многу слично како минатата сезона, Работнички излезе како победник од првото градско дерби кое се играше на теренот на МЗТ Скопје.

Шампионот постигна дури 16 тројки од 31 шут, одамна незабележан ефект иако Работнички важи за шутерска екипа.

Во прв план изби Марјан Јаневски кој погоди 6/6 од далечина и го заврши натпреварот со 30 поени. Сепак, тренерот на Работнички, Марин Докузовски тврди дека други се факторите кои доведоа до победата.

„Притискот беше на страната на МЗТ. Дадоа многу кошеви, но од психолошки аспект не се снајдоа најдобро. Нам најголем проблем ни беше ротацијата и фактот дека немавме доволен број играчи на тренинзи.

Чековски е повреден, Дамјан Крстевски болен, а Ефремовски не можев да го користам. Игравме со само седум кошаркари што против екипа како МЗТ Скопје е невиден хендикеп.

Аплицирајте веднаш за

Освен тоа, за нас овој натпревар беше прв посериозен тест сезонава, додека противникот веќе одигра 13 меча. Две недели бевме слободни и можевме да се подготвуваме за натпреварот, да ги дознаеме сите лоши и добри страни на МЗТ Скопје и да најдеме игра за тоа.

За среќа, имавме расположени шутери иако сите наши удари од далечина беа од изградени позиции. Јаневски погоди 6/6, ама никој не може да каже дека тоа е случајно, момчето има одличен шут“, рече Докузовски по натпреварот.

И покрај победата, трофејниот стручњак е категоричен дека овој натпревар не значи ништо во конечниот пласман бидејќи е во многу рана фаза од првенството.

„Најдобро од се е фантастичната атмосфера што ја направија двете навивачки групи за што сакам да им честитам. Само Работнички и МЗТ Скопје можат да одиграат ваков натпревар.

Борбата за титулата допрва почнува, уште ништо не е почнато“, додаде Докузовски.