ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА ДОКУЗОВСКИ: МЗТ е на чекор до титулата, но ние сега игравме достојно

ДОКУЗОВСКИ: МЗТ е на чекор до титулата, но ние сега игравме достојно

сподели

Тренерот на (се уште) актуелниот првак ја оцени играта не неговата екипа, како дијаметрално спротивна од првиот меч во финалето, кога центарци беа прегазени во Аеродром.

Реалната слика вели, дека со ваков краток состав не може да се игра за трофеи и дека штрковите се многу блиску до 7-та титула.

„Игравме многу поразлично од претходниот натпревар, со поголемо залагање, со поголемо срце, објективно не може да им се замери на играчите, но нашите сили се тие.

Не следат малери, Караџовски ни се повреди во првата минута, заедно со Кире Николовски и Димитар Мираковски, тоа се дел од нашите носечки играчи и без нив е многу тешко да се игра во финале.

МЗТ е на чекор до титулата, му честитам на победата, нам ни е многу тешко да играме со овој состав на секои два дена. Екипата од Аеродром сезонава е фаворит, има поголем фонд на играчи, ние се шетаме од сала в сала и имаме и други проблеми.

По минатиот меч се налутив на играчите, но сега немам никакви забелешки, вака се игра во една финална серија. Цел натпревар игравме, жаргонски кажано, 5 на 10. Ќе се обидам да ги вратам за следниот меч, ќе ни треба сила и енергија.

За мене е најважно да дадеме се од себе и да покажеме дека со гордост го носиме дресот на Работнички. Спортот е таков, кога ќе загубиш треба да му честиташ на подобриот, тука нема дилема.“