ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА ДОКУЗОВСКИ: И со еден куп проблеми, му го загорчивме животот на МЗТ

ДОКУЗОВСКИ: И со еден куп проблеми, му го загорчивме животот на МЗТ

сподели

Работнички не успеа да се издигне над сите маки со кои се соочи во завршницата од сезоната.

Стигна до финалето, но таму наиде на одличниот МЗТ Скопје кој покажа дека во моментов е најдобар кошаркарски колектив во земјава. Аеродромци победија со 3:0 за седма титула во клупската историја.

„Му честитам на МЗТ за освоениот трофеј, ние го дадовме максимумот на овој натпревар и можеме да жалиме што не ја продолживме серијата.

Ова беше наш осми натпревар во период од 16 дена и се виде заморот кај моите кошаркари. Сепак, јас им честитам за пожртвуваноста, изгинаа на теренот и скапо ја продадоа кожата.

И со многуте проблеми со кои се соочивме, му го загорчивме животот на МЗТ Скопје кој беше фаворит во пресрет на финалето“, изјави Докузовски по натпреварот.