ПОЧЕТНА Избор на уредникот Докторите го принудија Крис Бош да стави крај на кариерата

Докторите го принудија Крис Бош да стави крај на кариерата

сподели

Еден од најдобрите крилни центри во НБА лигата последната деценија Крис Бош е принуден да стави крај на својата играчка кариера.

Тој ја пропушти цела сезона, последниот натпревар го одигра на 9 февруари 2016 година, а потоа му беше дијагностицирано згрутчување на крвта поради што докторите му забранија да се занимава со кошарка. Таквата сугестија ја прифати и раководството на НБА лигата иако самиот Бош беше расположен повторно да заигра.

Бош заминува во играчка пензија со само 33 години и по 14 сезони во НБА лигата. Во 2003 година беше избран како четврти пик на драфтот од Торонто Репторс, а по седум сезони во единствениот канадски во НБА се пресели во Мајами Хит. Таму ги оствари најголемите успеси бидејќи освои две титули (2012 и 2013 година) и стана редовен Ол-стар играч. Одигра вкупно 893 натпревар и постигна 17.189 поени, 7.592скока, 1.795 асистенции и 932 блокади, а со американската репрезентација триумфираше на Олимписките игри во Пекинг пред девет години.

Аплицирајте веднаш за

Ако сака повторно да заигра во НБА, Бош ќе мора да покаже неколку уверенија дека неговата здравствена состојба е поправена и дека крвта повеќе не му се згрутчува.

Што се однесува до Мајами Хит, поранешниот првак во НБА сега ќе има 52,8 милиони долари на располагање во селари-капот во следните две години.