ПОЧЕТНА Избор на уредникот КОМЕНТАР: Доказ дека „евтини“ странци не ни требаат!

КОМЕНТАР: Доказ дека „евтини“ странци не ни требаат!

сподели
фото: Crvena zvezda mts (ABA liga)

Последната изјава за српските медиуми, на несудениот македонски репрезентативен центар, јасно како ден не насочува каде и како треба да се движи македонската кошарка во иднина.

Таа иднина, МОРА да почне веднаш по оваа изјава. Овој текст не е насочен против српскиот кошаркар или против српската кошарка, туку изјавите на Урош Луковиќ се искористени само како повод, за темата што е од есенцијално значење за НАШАТА кошарка!

Урош Луковиќ, кој што долги години (2011-2015) заработуваше леб во нашата земја, пристојно за кошаркарски услови, а ненормално многу за наши стандарди на просечен Македонец кој што не знае што да направи со себе од 1-ви до 1-ви, изјави во српскиот медиум zurnal.rs дека ја одбил Македонија со цел да игра за Србија.

zurnal.rs
Аплицирајте веднаш за

Тоа е сосема нормално, затоа што секој Македонец треба да игра за Македонија, односно секој Србин да игра за Србија, тука нема полемика и не би требало да има.

Но, има! И тоа контроверзна полемика. Особено за нас. Нашите таленти, во недостаток на државна стратегија, се одлеваат и играат за туѓи репрезентации, често и за српските, во сите спортови.

За ова не ни е виновен никој, туку ние самите. Дури и нашата кошарка е посочена како нешто далеку од големата сцена и заборевено од Господ, за што сме си виновни ние самите (читај клубовите) и никој друг!!!

Не дека не сме се обиделе и не сме убедиле да ангажираме интернационалци или интернационалки и ние, тука зборуваме и за оние со потекло од Србија, кои што достојно го носеле нашиот дрес и заслужуваат огромна почит.

Сепак, треба да се прашаме дали не сме уморни од улогата на овца за стрижење, мазга за товарање, коњ за јавање?

Во случајов, му нудиме на играч да прифати наше државјанство и да игра за нашата селекција, тој одбива, со двата потега (нашиот – повикот и неговиот – одбивањето) си ги крева акциите дома и на крајот се кити со одбивањето на повикот на нашата Федерација.

sport1.mk

Не се спорни кошаркарските квалитети на Урош Луковиќ, неговиот карактер си е негова приватна работа. Но, тој е само просечен кошаркар во европски рамки, па и во регионални. Тој е само еден на листата на играчи кои што никогаш не би станале играчи (затоа што немало место за нив во други лиги) ако не играле кај нас (што и самиот признава во изјавата посочена од Sport1.mk).

Воедно, тој е и еден од оние што освен што изнеле илјадници евра од Македонија (легално, во плата), не придонеле за развојот на нашата кошарка како што тоа треба да го направи еден квалитетен странец кој што ќе биде дебело платен, но ќе го крене квалитетот и ќе биде урнек за нашите играчи.

Срби играле и ќе играат во Македонија, добредојдени се. Наши играчи играле и ќе играат во Србија, се надеваме дека и тие таму ќе бидат добредојдени.

Урош Луковиќ (aba-liga.com)

Поуката што треба да се извлече од овие две контроверзни изјави – кои што навидум се само обични и нормални, но имаат длабока позадина – е следнава:

Македонија треба да продуцира играчи, да им дава шанса на своите, да има трпение и да верува во својот потенцијал, а странците (во првенството и во репрезентацијата) треба да се само глазурата која што ќе не одведе подалеку од нашиот хоризонт.

А, коментарот е следниот:

Не ни требаат просечни и евтини фаци (Американци, Балканци, Лилипутанци), да ни го рушат угледот. Нека се знае кој треба и кој може да игра за Македонија!