ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА Димче Тасовски потпиша за Гостивар!

Димче Тасовски потпиша за Гостивар!

сподели

Репрезентативецот ќе ја продолжи кариерата во екипата што покажува најголеми амбиции сезонава, да застане на здрави прволигашки нозе и да се натпреварува со останатите, односно да не биде лесен залак за никого. Тасовски и управата на КК Гостивар се договорија на едногодишна соработка.

Пред повратникот во националниот состав, во Гостивар се пресели и Ивица Димчевски. Со играчкиот кадар со кој што располагаат во моментов, на гостиварци им се потребни уште еден до двајца кошаркари на „високите“ позиции, да комплетираат респектабилна петорка.