ПОЧЕТНА А Репрезентација Димитријевиќ размислува да се откаже од македонското државјанство

Димитријевиќ размислува да се откаже од македонското државјанство

сподели

Одлуката на Македонската кошаркарска федерација да го суспендира 20-годишниот играч на Хувентут, потсети на два претходни такви случаја. Казната на Нено Димитријевиќ е ригорозна бидејќи далеку ги надминува.

Младиот плејмејкер ќе биде главна тема во македонската кошарка претстојниот период, а јасно е дека ваквата одлука не оди никому во прилог. Димитријевиќ е на почеток од својата професионална кариера, игра во една од најсилните (ако не и најсилна) европски лиги и сигурно може да биде меѓу носителите на играта на нашиот национален тим во блиска иднина.

Аплицирајте веднаш за

Постоеше опција Нено да се извини и да вети дека во иднина постојано ќе биде достапен за националниот тим, но од МКФ ја отфрлија оваа можност со образложение дека младиот кошаркар веќе еднаш го направил тоа.

Од семејството на Димитријевиќ не сакаат дополнително да ја брануваат јавноста. Категорични дека се дека Нено не е суетен и нема проблем да се извини, но сепак не им е јасен случајот. Прашуваат и дали вреди засекогаш да се загуби играч како Нено за суспензија која ќе биде тешка, но брзо ќе помине.

Ако нема договор со МКФ, како крајна мерка, младиот кошаркар ја разгледува и можноста да се откаже од македонското државјанство бидејќи поседува и српско и во иднина да игра под знамето на нашиот северен сосед. Освен тоа, во Шпанија настапува како домашен играч бидејќи таму ги помина младинските категории.

 

Евентуалното откажување од македонското државјанство не е закана за актуелното раководство на Федерацијата, туку само обид да се спаси кариерата.

Од МКФ уверуваат дека тоа нема значење врз конечниот исход бидејќи суспензијата му е изречена во момент кога официјално бил Македонец.

Одлуката за суспензија е донесена поради неиграњето на Димитријевиќ на Европското првенство Б-дивизија во Софија. Тој се појавил на подготовките, претходно тренирал, но подоцна пријавил дека е повреден.

Од македонското државјанство пред неколку години се откажа и Кристијан Николов кој тогаш беше член на Галатасарај.