ПОЧЕТНА Интернационалци Димитријевиќ одигра солидно, Хувентуд победи

Димитријевиќ одигра солидно, Хувентуд победи

сподели
фото: Хувентуд Бадалона

Екипата од Бадалона регистрира триумф во рамките на третата рунда, од шпанската АЦБ лига, славејќи против Манреса.

Некогашниот европски шампион од 1994-та, победи со 66:67 на гостувањето кај шампионот на Шпанија од 1998-та година.

Македонскиот интернационалец одигра вкупно нешто под 10 минути, со учинок 4 поени и 4 скока, со 2 асистенции.

Аплицирајте веднаш за

Аргентинскиот интернационалец Николас Лапровитола беше најдобар кај гостите, со 16 поени и 10 асистенции.

Тој ги погоди двете слободни на три секунди до крајот и го спаси својот тим од пораз, во ситуација кога имаше и 15 поени позитива во текот на мечот.