ПОЧЕТНА Интернационалци Димитријевиќ го урна претпоследниот шампион на Шпанија

Димитријевиќ го урна претпоследниот шампион на Шпанија

сподели

Едно од најдобрите изданија на македонскиот репрезентативец во АЦБ лигата оваа сезона.

Нено Димитријевиќ, заедно со уште двајца играчи, беше најефикасен во тимот на Хувентуд кој на домашен терен ја совлада Валенсија, првакот на Шпанија од 2017 година.

Меѓу другото, нашиот репрезентативец и соиграчите му ја прекинаа на противникот серијата од пет победи во домашниот шампионат и вкупно 9, односно 11 на последните 12 меча во сите натпреварувања.

За 17 минути на теренот, нашиот плејмејкер постигна 13 поени (3/4 за 2, 7/7 од линијата за слободни), три скока и шест асистенции и заврши со индекс 22, втор највисок во каталонската екипа.

За Хувентуд, ова беше трета победа во низа и со неа се израмнија со Валенсија (на 6-та, односно 7-та позиција на табелата) која има ист биланс, но подобра кош-разлика.

фото: Хувентуд