ПОЧЕТНА НБА (ВИДЕО) Дејвис исвиркан во враќањето на паркетот

(ВИДЕО) Дејвис исвиркан во враќањето на паркетот

сподели

Првата ѕвезда на Пеликанс наиде на свирежи откако повторно го облече дресот на својата екипа, по повредата, затоа што побара (неуспешен) трејд во преодниот рок што заврши.

Њу Орлеанс победи против Минесота со 122:117, Дејвис и Таунс имаа по 32 поена на двете страни. Играчот на домашните изјави дека му било чудно што е исвиркуван на свој паркет, од својата публика.

Јанис Адетокумбо со 29 поени беше поуспешен од Лука Дончиќ со 20, во победата на Милвоки против Далас со 107:122.

Резултати на 9-ти февруари (ESPN)

Шампионот Голден Стејт победи кај Феникс со 107:117, Детроит победи во олд-скул пресметката против Њујорк со 120:103.