ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА Десет добри минути доволни за победа на АВ Охрид

Десет добри минути доволни за победа на АВ Охрид

сподели
фото: ohridnews.com

АВ Охрид е се поблиску до пласман во Суперлигата. Во директниот дуел со Фени Индустри, охриѓани славеа со 79:62 и се одвоија на шестото место, последно кое води во елитното друштво.

Целата работа на овој натпревар домашните кошаркари ја завршија во третата четвртина која им припадна со 24:9. На полувреме Фени Индустри замина со предност од 43:42, но АВ Охрид го почна вториот дел со 10:0 по што поведоа со 52:43 и потоа не му дадоа шанса на противникот да се врати во игра.

Во последната четвртина АВ Охрид поведе и со над 20 разлика (76:55) и мирно го приведе натпреварот кон крајот.

Јунаковиќ со 20 поени и Рос со 19 беа најефикасни во домашната екипа. Кај Фени, новиот играч Девон Вокер постигна, исто така, 20, но со само седум играчи кавадарчани не можеа да се надеваат на нешто повеќе.