ПОЧЕТНА Евролига Дербито за ЦСКА, Фенер е прв учесник во плеј-офот

Дербито за ЦСКА, Фенер е прв учесник во плеј-офот

сподели

Реал Мадрид го загуби второто место на табелата по поразот од директниот ривал во Москва.

ЦСКА славеше со 82:78, но впечаток е дека двете екипи одиграа под своите можности и направија премногу грешки. За тоа зборуваат 14-те загубени топки на домашниот тим, но и 16-те офанзивни скока.

Првото полувреме му припадна на Реал со 34:40, но ЦСКА направи пресврт во третиот период во кој постигна речиси ист број поени колку во цело полувреме – 30. Во неизвесната завршницата Хекет и Клајбурн реализираа слободни фрлања, но последната шанса ја пропушти Џејси Керол кој промаши тројка при резултат 81:78.

Де Коло со 21 поен беше најефикасен на натпреварот, а Рендолф со 20 го предводеше Реал Мадрид.

Фенербахче го искористи триумфот на ЦСКА за да се одлепи на две победи пред своите ривали, но во исто време и стана прва екипа што обезбедила пласман во плеј-офот.

На домашен терен го победи Панатинаикос со 85:66 во меч во кој грчкиот шампион не можеше да се препознае. Во еден период Фенер имаше и 28 поени предност, но ПАО успеа да се избори за поднослив пораз.

Четворица кошаркари на домашниот тим постигнаа двоцифрен број поени, најефикасен беше Мели со 14. Во тимот на Панатинаикос, Килпатрик реалуизира 19.