ПОЧЕТНА Европски лиги Денот на Наваро е – 1-ви март

Денот на Наваро е – 1-ви март

сподели

Најтрофејниот кошаркар во историјата на Барселона ќе ја добие заслужената почест со мало задоцнување.

Неговиот дрес со број 11 кој го носеше за време на дводецениската кариера во каталонскиот клуб ќе биде повлечен од употреба на 1 март, на дербито против Реал Мадрид во рамките на Евролигата.

Тој чин требаше да се одржи на 25 ноември кога најголемите ривали во шпанската кошарка се сретнаа во АЦВ лигата, но тој ден почина неговиот татко и церемонијата беше одложена.

Аплицирајте веднаш за

Хуан Карлос Наваро беше член на Барселона во периодот од 1997 до 2018 година со пауза од една сезона (2007/08) кога одлучи да заигра во НБА лигата, во дресот на Мемфис Гризлис. Со својот матичен тим освои две титули во Евролигата, осум во домашното првенство, седум во Купот на Шпанија и пет во Суперкупот. Кариерата ја заврши како најдобар стрелец во историјата на Евролигата.

Неговиот број 11 ќе биде петти што го повлекува Барселона по 4 (Андрес Хименез), 7 (Начо Солазабал), 12 (Роберто Дуењас) и 15 (Хуан Антонио Сан Епифанио).