ПОЧЕТНА Интернационалци Денот на македонските претставници, на меѓународната сцена

Денот на македонските претставници, на меѓународната сцена

сподели
Сашо Филиповски и Боби Митев, на клупата на Монако (фото: Monaco Basketball).

Во неколку интернационални натпреварувања, ќе настапат наши екипи и индивидуалци кои што достојно ги бранат боите на нашата земја. МЗТ Скопје Аеродром ќе гостува кај Зрињски во Мостар, во рамките на 5-то коло во втората регионална АБА лига.

Во првите 4 средби штрковите имаат три победи, сите на домашен терен и еден праз, на најтешкото гостување, кај Приморска. По 4 кола, нашата екипа е на третата позиција, зад споменатиот противник и Сплит кои што имаат по 4/0.

Екипата на Кожув ќе гостува кај Берое, во првиот натпревар од новата сезона во балканската лига. Гевгеличани се единствената наша екипа, што сеознава ќе учествува во БИБЛ натпреварувањето.

rezultati.com
Аплицирајте веднаш за

Во Еврокупот на УЛЕБ, екипата на Монако (3) предводена од македонскиот тренерски тандем Сашо Филиповски и Боби Митев, во 4-та рунда игра на гости кај Галатасарај (2). Француската екипа има 2 победи и 1 пораз, на третата позиција во групата А, во која што настапуваат уште и Црвена звезда (1), Андора (4), Улм (5) и Бреша (6).

Нашиот репрезентативец Ненад Димитријевиќ и неговата екипа Хувентуд, се соочуваат со Бреоган, во првото од двете врзани гостувања во АЦБ лигата во Шпанија.

Ненад Димитријевиќ

Хувентуд е на 7-та позиција на табелата, по 4 одиграни натпревари (2/2). Следното коло, составот од Бадалона гостува во Барселона, кај еден од двата лидера кои што немаат пораз (Реал Мадрид, 5/0).

Лидерот во казахстанското првенство, екипата на Астана предводена од нашиот тренер Емил Рајковиќ, се соочува со третопласираниот Тобол, во домашниот шампионат каде што нема пораз по 4 одиграни средби.