ПОЧЕТНА НБА Денвер е пречката за двојниот шампион

Денвер е пречката за двојниот шампион

сподели
USA Today

Нагетс покажаа дека знаат да играат и дефанзивно, освен одличната офанзива што ја презентираат – Хуанчо Ернангомез го изблокира последниот обид на актуелниот првак за победа од 100:98, против најуиграната екипа на денешницата.

Иако имаа негатива од 13 поени во последниот период, кошаркарите на Голден Стејт не се откажаа од борбата, но Дејмијан Џонс – кој што не ја претвори во поени асистенцијата на Стеф Кари – беше несреќникот.

Аплицирајте веднаш за

Денвер сега има 3 победи, без пораз на стартот на новата сезона. Домаќините промашија дури 18 слободни, од кои 6 во последната четвртина. Ова e сличен со најдобриот почеток на оваа франшиза – која што во времето на Ентони и Билапс, во сезоната 2009/10, стартуваше со 5/0.

Нагетс исфорсираа 18 загубени топки од противникот, а Никола Јокиќ имаше 23 поени со 11 скока и 6 асистенции кај победникот.

На другите мечеви, Оклахома загуби од Сакраменто со 120:131, Кливленд загуби од Атланта со 111:133, а Клиперс победија во ЛА против Хјустон со 115:112.