ПОЧЕТНА Избор на уредникот ДЕБАР МАЛСКИ РЕЦЕПТ: Како се праи шампион

ДЕБАР МАЛСКИ РЕЦЕПТ: Како се праи шампион

сподели

Да ви кажам искрено, не глеам многу кошарка. У ствари одамна не сум глеал, ама слушнав дека играат ЕМ-ЗЕ-ТЕ и Работнички у АеродрОм ко шо го завикаа сеа новиве а незнам зашо, у онаа новата сала кај шо игра европскион шампион Вардар, го знаете, нели. За таква сала ќе сањаме ние, на нашана и капе кровот, нема ни ве-це. Ама тоа е за друк ден.

Идам у Јане и што ќе видам. Трибините празни. Па ова ли е дерби бе? У наше време се висеше горе по металните профили у Парк, доаѓавме на утакмица 4 сата порано. Циментчено на главната трибина – пошо немаше столчиња, него дрвени клупи, а триес посто беа искршени – има длапка од мојов заден дел. Стално седев на истото место. Нема везе, и за тоа друк пат.

Аплицирајте веднаш за

Седам, глеам утакмица, атмосфера пријатна пред и по воведната за малку тепачка коа еден од ајродромците им излета со нивни шал на нашиве, им го покажа, а овие ко шутраци се залетаа сите и му се згнаа ќе го тепаат.

Остајте го бе, смејте му се, пејте му неке птице никад не полете, кај му се пуштивте 300 души на еден. А џандарине, ги мазат, се убедуваат. Абе нас ако мрдневме со пендрак у задња ложа одма бе или за уши и надвор. Ама и ова не е за денес, друк пат ќе збориме.

Глеам на клупа Марин. Јасно ми беше. Српче решил ќе осваја титула. Си викам чекај бе која титула рано е. Ама така и Штерјо праеше.

Коа незнаеше како, ќе ги купеше сите добри играчи на почеток, или ако му ги купеа другите газди тогаш он за Нова Година зимаше двајца топ странци најчесто од Србија, или го зимаше Марин. Четврто нема. Многу се навраќам у минатото, за ова исто ќе збориме у друга прилика.

Рецептов, според мене, е малку изменет и некако вака иде:

Ги зимаш Станко и Мите. Едниов урла на тренинг и на утакмица, никој не смее да му писне, не смеат од него да мрднат од акција, ја играат до крај, па ако не можат да шутнат му ја даваат на него.

Другиов уште е брз, уште ги мути сите и ми идат зборовите на Дули од времето – аман бе Шуш као аутобус да возиш со таа левата – само шо Мите ја води со десна и малку потехнички.

После ги додаваш оние шо незнаеле да играат, пошо све стручњаци кај нас и знаат да проценат кој е добар играч, а кој не. Боки ја игра сезоната на кариерата, созреал никој нишо не му може ни под кош ни надвор, на крај ќе излезе најдобра четворка или петка у лигава, не разбирам баш точно на која позиција игра.

На него му додаваш американец за кој шо никој не слушнал никад, ама дечкото играл бе у северна Каролина, кај шо играше Џордан. Доста е да го мирисаш шифоњерчето на ЕМ-ЏЕЈ кај шо ги чувал патиките и одма си за у Евролига, најмалку. Овој, Маркус се викал, искрено не го знам, ама за среќа дошол кај нас.

Тука ставаш и малку балкански шмек, зачин Ц, ама не ко шо праат другиве па купуваат играчи со презимиња на ич, демек ако се Срби или Хрвати парче ќе праат. Е, нашиов е Бугар. Да бе, Бугар. Ај, бе, бугариве играле кошарка? Шо збориш бе? Море, играат у квалификации за свецко, ние играме со Лихтенштајн.

Порано ние им бутавме по 10 играчи секоја сезона у нивната лига, сеа они на нас ќе ни го праат истото. Епа коа немаат школа ЕМ-ЗЕ-ТЕ и Работнички, кој им е крив. Батали дневно популистичка политика, глеј си работа, глеј го дечково шо праи. Чавдар, царе, алал да ти е, 13 поена и 12 скока.

И сеа, не глеам добро, има таму едно дете шо дига руки као навија за Србија на Олимпијада, нешо многу Цеца слуша у Буњаковец изглеа, ама у ствари после ми кажува другаров тој Ефремовски бил, голема надеж на нашава кошарка.

Има уше некој деца таму до него и нив не ги знам, ама чим Марин ги земал, знај дека се добри. И Николиќ некој играл, ете и ние иаме на ич, добро играл одбрана и не се занесуел многу, не се праел ѕвезда, мирно дете бил алал да му е.

Башка, кумче или кумашин на Марко, не разбрав добро, а Марко е од Дренок, он не греши коа бира другари. Марче, брат, не стегај толку груда ќе ти пукне кошуљата, алооо.

Глеам штрчи една антена, викам неаме ние некој висок у Македонија, кое е детево, а тоа Кире бил. Пораснал, се напраил со мускули, не многу ама тамам, може и малку поише да се набилда, па центар си бе мали. Центар у Центар, хахаха.

Порано беше трска и само бегаше на тројче, сеа нешо се бори под кош, скока, трча. Кај смее да не трча бе, ќе седи на клупа у трета лига ќе го прати Марин, а Станко заушки ќе му маа секој ден. Иди па не играј.

Враќам поглед на терен, зе загледувам и глеам Расел, со канадска ливада на глаата, додуша шишана скоро на нула. Не бе шанса нема ало ти луд ли си бе. Не бе, Вестбрук е. Не бе, ми сврти грб и читам Робинсон. Фтор американец.

Двајца американци и еден бугар, тројца странци, а другиве сите македонци. Кај бе со ваква екипа не моеш кај нас шесто место за у супер лига да освоиш бе. Стискам резултати точка ком и глеам табела, овие 7/0 имаат бе алооо! И после сватив зашо победија у АеродрОм.

На клупа, Перо и Тоше, легенди. Тоше врати сееее (не се глеа на слика, со младинските школи работел, ќути им текна). И сеа да се соблечат ќе им даат по 30 коша бе, а да не зборам за Перо на слободни, рука сатар.

Шо ми е гајле дека играа двајцата за ЕМ-ЗЕ-ТЕ некад, сеа се тука и наши се. Има ли некој шо не играл за ЕМ-ЗЕ-ТЕ? Па и Марин им беше тренер.

Знам сеа шо ке каже Марин, или Станко, а може и другиве се заразени – шо пишуваат овие по фејсбук и порталиве бе не се нормални, каква титула бе, не сме ни на почеток на првенство, има многу јаки екипи и треба да се игра до крај, да се даде максимумот, да се залагаме, има утакмици уште, не е се завршено…

Да бе, не е. Јес да задњи 10 утакмици у АеродрОм имате само две победи, ама ако уше важи преднос домашни терен, ич не е готово, не. Е сеа треба да си изиграте, нема ја да играм за вас.

И ќе ги заборев нашине бе, на трибина. Ги немаше ајродромциве штрајкуеле нешо, па овие се утепаа од викање, само они се слушаа.

На крајот, идеш и славиш со најверните, кои шо, македонска работа, ти доаѓаат само коа тепаш, коа губиш ги нема нигде. Ама и тоа е за друк пат, да не го кварам рецептов.

И знаете шо, ќе почнам пак да идам на кошарка…

——————————-

(НАПОМЕНА: Статијата е духовит, а можеби за некого и не е духовит, обид да се разбие монотонијата на сивилото во нашето секојдневно информирање на јавноста.

Содржината на текстот е со преносно значење, без обид да се навреди или да се омаловажи некој или нешто, односно да се велича друг или друго нешто. Користен е скопски „нагласАк“, текстот не е лекториран.

Сега победи Работнички, рецептот е на победникот. Следниот пат ќе биде за победата на МЗТ, Блкотехна, Куманово, …)