ПОЧЕТНА Евролига Двојното убиство на Кори Хигинс

Двојното убиство на Кори Хигинс

сподели
фото: CSKA Moscow

Кошаркарот на ЦСКА Москва е виновникот за двете победи на руската машинерија, во последната недела со двојна програма, сезонава, во Евролига.

Американецот постигна 15 поени во триумфот 70:68, но клучна беше ладнокрвната тројка при 65:65, од аголот, во последните 30-тина секунди.

Лидерот го почуствува истото што и градскиот ривал Ефес, во претходното коло во Истанбул, кога му пресуди Хигинс на 1.9 секунди до крајот.

Мала утеха за составот на Жељко Обрадовиќ, е подобриот меѓусебен скор со оглед на победата во Турција (79:75), за подобар пласман.