Вкупно четири апликации се очекува да добие ФИБА за организација на Светското првенство што треба да се одржи во 2023 година.
Од нив, две се посебни, а две заеднички на повеќе од една држава. Индивидуалните се на Русија и Турција кои би сакале самостојно да го организираат шампионатот. Една заедничка кандидатура планираат да испратат Индонезија, Јапонија и Филипини, а уште една Аргентина и Уругвај. Заинтересираните земји имаат рок до крајот на август да го официјализираат интересот и да испратат апликации за организација на шампионатот.
Домаќинот на Светското првенство во 2023 година ќе се знае кон крајот на годината на состанокот на Централниот комитет на ФИБА.