ПОЧЕТНА НБА Две победи во низа, атмосферата веднаш се менува

Две победи во низа, атмосферата веднаш се менува

сподели

Екипата на Лејкерс го совлада и Денвер, со 121:114 и врза два триумфа, по воведните три порази на стартот на сезоната. По Санс, паднаа и Нагетс, кои што имаа убедлив почеток со низа 4/0 и победа против шампионот Вориорс.

Резултати на 26-ти октомври (ЕСПН)

Леброн Џејмс го реализира првиот трипл-дабл во новата екипа, со 28 поени и по 11 скока и асистенции. На спротивната страна, Никола Јокиќ имаше 24 поени со 11 скока и со 3 асистенции.

Аплицирајте веднаш за

Дејмијан Лилард имаше уште една несекојдневна партија, со 41 поен во победата на Портланд кај Орландо, со 114:128.

Џејсон Татум постигна 24 поени во победата на Бостон кај Оклахома со 95:110, а Андре Драмонд постигна 26 во триумфот на Детроит против Кливленд со 110:103.