ПОЧЕТНА АБА Двете лица на белградските вечни – џентлмени и спортисти, контра хулигани и...

Двете лица на белградските вечни – џентлмени и спортисти, контра хулигани и исфрустрирани

сподели
aba-liga.com, Partizan NIS

Дуелот меѓу Партизан и Цедевита го одбележа непријатен момент, кога навивачите со предмет го погодија во главата гостинскиот играч Андрија Стипановиќ, по што судиите го прекинаа мечот и повеќе од 20 минути во „Александар Николиќ“ немаше кошарка.

Во продолжението, гостите славеа со 71:76 и со триумф си заминаа од Белград, во рамките на 12-то коло во елитната конкуренција во регионалната АБА лига.

Кошаркарите на Црвена звезда, пак, со победа се враќаат од Загреб, каде што триумфираа со 54:76 и остануваат без пораз во досегашниот тек од актуелното првенство на поранешните југословенски републики.

Овие два меча се чиста илустрација на она што се случува во балканската кошарка, односно причините поради кои што не може да се формира фудбалска лига на екс-Ју просторите. Народот вели – кој губи, има право да се лути – но, на моменти, настаните излегуваат од контрола.

Foto: Starsport

Раководството и навивачите на Партизан ја загубија поддршката од силните компаниии и (неофицијално) политичкиот врв во Србија, што ја имаа повеќе од една цела деценија и се почесто се жалат на разни нешта и реагираат како што го направија тоа против загрепската екипа.

Од друга страна, црвено-белите се преземени од силен стопанственик во Србија, имаат солидна структура и стабилен буџет секоја сезона, ја имаат (неофицијално) политичката поддршка без која што на овие простори не може да се живее и делуваат како далеку посериозен колектив, од вечниот ривал.

фото: aba-liga.com, Cibona, Z. Baksaj, D. Vranar, G. Lausic

Клубови со историско и богато минато како овие два, не заслужуваат ваков третман од страна на навивачите, на двете екипи, зборуваме за Звезда и Партизан кои што често се жртви на своеволие и притисоци што доаѓаат од улицата и се пренесуваат таму каде што не им е местото.