ПОЧЕТНА АБА Двете екипи што посакуваат победа, во втората АБА2 рунда

Двете екипи што посакуваат победа, во втората АБА2 рунда

сподели

МЗТ Скопје Аеродром и Борац ќе се соочат во второто коло во регионалното натпреварување. Аеродромци победија, српскиот претставник загуби во првиот натпревар.

Поранешниот македонски шампион на домашен терен славеше против словенечкиот Хелиос, му се погоди да игра две средби дома, на стартот на шампионатот.

Аплицирајте веднаш за

Србите имаат проблеми со повреди на почетокот на годината и претрпеа непланиран пораз од Спарс Сараево, во Чачак.

МЗТ Скопје прв пат од влегувањето во АБА семејството, игра во второто по ранкинг натпреварување кое што постои две сезони, но примарна цел е враќање во елитата.

Борац ќе има проблеми да избори и опстанок во АБА2 лигата, затоа што само првите две екипи во првата српска лига (прв дел, без АБА-лигашите) ќе добијат место во оваа регионална лига.

Целта на двата тима се позициите што водат во АБА лигата, кој ќе има повеќе трпение и кој подоследно ќе ги исполнува задачите поставени од Кочов и Арсиќ, ќе се радува на мечот што стартува во 19:00 часот, во СЦ Јане Сандански.