ПОЧЕТНА Некатегоризирана Двете атомски бомби сакаат да играат за репрезентацијата, секој со свои идеи

Двете атомски бомби сакаат да играат за репрезентацијата, секој со свои идеи

сподели
Yahoo! Sports

Српскиот интернационалец кој што се уште е без клуб, односно веќе половина сезона не игра за ниту една екипа, изјави за ФИБА дека е време да и се врати на кошарката.

„Сакам да играм, репрезентацијата е посебно чувство. Мислам дека сите ќе дојдат на повикот на селекторот, се разбира ако нема повреди. Што и да се случи, ние тоа ќе го решиме меѓу нас. Ако играме како што знаеме, мислам дека можеме да се надеваме на висок дострел на претстојното СП.“ – изјави Милош Теодосиќ (32).

Најдобрата петорка на СП 2014 – Кенет Фарид, Пау Гасол, Николас Батум, Кајри Ирвинг (МВП) и Милош Теодосиќ (фото: Diario AS)

Во меѓувреме, шпанскиот ас Пау Гасол се опоравува од операција и вели дека не може да и помогне на селекцијата сега, но се надева дека Шпанија ќе се пласира на ЛОИ во Токио 2020 и тогаш тој сака да игра за националниот тим.

„Повредата ме спречи да играм на мундијалот во Кина, сега ќе одам на рехабилитација, за мене националниот тим отсекогаш бил многу важен, се надевам дека моите колеги ќе успеат да обедбедат позиција што води во Токио.“ – се зборовите на Гасол (38).