ПОЧЕТНА Избор на уредникот Два градоначалника, една љубов – Работнички!

Два градоначалника, една љубов – Работнички!

сподели

Новиот градоначалник на Општина Центар, Саша Богдановиќ денеска официјално стапи на својата функција.

На свеченоста по повод примопредавањето на должноста, тој се сретна со својот претходник Андреј Жерновски кој беше на функцијата претходните 4,5 години. Богдановиќ ја искористи можноста на Жерновски да му подари дрес од кошаркарскиот клуб Работнички.

Досегашниот градоначалник успеа некако да го консолидира најтрофејниот македонски кошаркарски колектив, но во неговиот мандат Работнички освои само еден трофеј и тоа во Купот на Македонија. Богдановиќ презеде одговорност да го врати клубот на шампионските патеки.