ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА Двата најголеми предизвика, за новиот претседател на КФСМ

Двата најголеми предизвика, за новиот претседател на КФСМ

сподели

Првиот човек на македонската кошарка не ги криеше мотивите и идеите што (ќе) го водат на патот кон кошаркарските височини, со новата функција, која што е природен тек на нештата во неговата кариера.

Перо Антиќ седна на столчето на кое што има огромна одговорност, тој вели дека го знае тоа, а воедно знае и како да го одработи главното за кое што треба да се залага секој лидер – работата со младите категории, што е основата на секој спорт.

„Има многу талент кај нас, но некој треба да работи со тој талент. Исто како да имаш дијаманти, но потребни ти се луѓето кои што ќе ги избрусат.“ – вели Антиќ, во интервјуто за ФИБА.

fiba.basketball

Секогаш сум оптимист, продолжува Перо. Магичниот момент, врвот на мојата кариера, е полуфиналето со Македонија на ЕП во Литванија 2011-та година, се сеќава Антиќ. Посакувам да стигнеме чекор подалеку, но ќе одиме чекор по чекор, вели првиот човек на македонската куќа на кошарката.

„Работата со младите е најголемиот предизвик за нас. Треба да им покажеме како да растат, како да создаваат добри навики.

Мора да почнеме да продуцираме деца, имаме материјал, но немаме трпение. Треба и мора да им помогнеме на нашите млади да се кренат.“ – се зборовите на Перо Антиќ.

Комплетното интервју може да го прочитате тука.