ПОЧЕТНА НБА ДА СЕ НАЕЖИ ЧОВЕК: Како соиграчите му го честитаа остварувањето на Вилијамс

ДА СЕ НАЕЖИ ЧОВЕК: Како соиграчите му го честитаа остварувањето на Вилијамс

сподели

Во светот на спортот, соблекувалната е храмот на секој колектив. Таму се случуваат нештата кои што не смеат да излезат на виделина. Во тие неколку квадратни метри, се делат и добри и лоши моменти, се доживува сето она што им се случува на екипите и на поединците.

Екипата на ЛА Клиперс, предводена од тренерот Док Риверс, кој што е познат по оригиналните и емотивни начини на честитање на одреден успех на играчите низ НБА лигата, му приреди почесен круг на Лу Вилијамс.

Додавајте ја топката додека не стигне до Лу, беа инструкциите од Риверс, кој што на неколку натпревари пред овој, го сопре мечот со Далас во Стејплс Центарот и му приреди стоечки овации на Дирк Новицки, кој што најверојатно ќе се пензионира на крајот на сеозната.

Со 34-те поени во победата на Клиперс против Селтикс, со 140:115, играчот на оваа франшиза стана најдобриот во историјата на стрелците во НБА лигата, меѓу кошаркарите кои што ги почнуваат мечевите од клупата и не се стартери (11.153 поени).