ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА Да играше вака Кожув од почетокот на сезоната…

Да играше вака Кожув од почетокот на сезоната…

сподели
Охриѓани не најдоа лек за Пековиќ

Првите четири кола од продолжението на сезоната поминуваат во знакот на Кожув. Некогашниот вицешампион и финалист во Купот на Македонија полека се враќа на старите патеки.

Триумфот против Гостивар и одличното издание на гости кај Работнички беа најава за тоа, но потврда е победата против АВ Охрид со 80:65. Колку и да изгледа чудно, гостите можат да бидат задоволни затоа што можеа да си заминат дома со уште поубедлив пораз.

Клучна за победата на Кожув се покажа втората четвртина, односно периодот од 14. до 19. минута кога домашните кошаркари направија серија од 11:2 и поведоа со 29:18. На полувреме беше 38:22, а кон средината на третиот период гевгеличани стигнаа до највисоките +27 (51:24).

Долго потоа АВ Охрид не можеше да намали на помалку од 20 разлика. Во последниот период некако дојде на -12, но следуваше серија од 7:0 на домашниот тим за предност по што и дефинитивно стана јасно кој ќе ги освои бодовите.

Пековиќ со 20 поени беше најефикасен кај Кожув, а Ворткапиќ додаде 19.

Кенет Рос го предводеше АВ Охрид со 23 поени, но не се прослави новото засилување Хенри кој речиси 19 минути постигна само шест поени.