ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА ДА за новата дружина на Перо Антиќ

ДА за новата дружина на Перо Антиќ

сподели

Предлогот за членовите на новиот УО што е предложен од страна на новиот прв човек на КФСМ, ќе биде усвоен во 12:00 часот, по пат на Дописно собрание од страна на претставниците на македонските клубови, членки на Собранието на Федерацијата.

Како што информира Sport1, а ни потврдија дел од најавените претставници во новиот состав на УО, најзвучни меѓу имињата се следните:

Перо Антиќ (по автоматизам)
Ѓорѓе Војновиќ (Триглав)
Илија Мерџановски (Искра)
Сашо Блажевски (Прилепска Пиварница)
Блаже Костадинов (Горска)
Владимир Арсовски (Урбан ПК)
Митко Љочев (МТ Промет Струмица)
Ненад Атанасов
Дејан Димов – Африка

УО ќе брои 15 члена, од кои 10 менаџери. Другите 5 ќе бидат по еден претставник на здруженијата и асоцијациите на Прва лига мажи, Прва лига жени, Втора лига мажи, тренерите и младите категории.

Најавеното се остварува, Перо Антиќ собра крај себе импресивна екипа. Останува уште да биде спроведено сето она што беше ветено пред изборот, во што, со оглед на сериозноста на составот на УО, не треба воопшто да се сомневаме.