ПОЧЕТНА НБА Далас ја продлабочува кризата кај шампионот

Далас ја продлабочува кризата кај шампионот

сподели
thesmokingcuban

Маверикс забележаа минимална победа од 112:109, прва против Голден Стејт дури од декември 2015-та. Херојот на домаќините беше суперталентот Лука Дончиќ кој постигна 24 поени и 9 скокa.

Кога се одлучуваше победникот одговорноста ја презеде Словенецот, погоди за водство на Далас од 109:108, а потоа и со мирна рака од линијата за слободни фрлања го запечати резултатот.

Аплицирајте веднаш за

Покрај Дончиќ, одличен настап имаше и поранешниот играч на Вориорс, Харисон Барнс кој оствари 23 поени и 8 скока.

Кај поразените, Дурант беше најпрецизен со 32 поени, надополнети со 4 скока и 3 асистенции, но и покрај одличната партија тој беше трагичар за гостите, бидејќи промаши два отворени шута кога се кршеше резултатот и се решаваше победникот.

Кемба Вокер имаше историска вечер, постигнувајќи рекордни за него 60 поени, надополнети со 7 скока и 4 асистенции, но ниту тоа не беше доволно за неговиот тим Шарлот да забележи победа против Филаделфија во интересен натпревар полн со пресврти.

Победникот беше одлучен по дополнителните пет минути, во кои гостите беа поснаодливи и предводени од својот најдобар играч Ембид, кој натпреварот го заврши со 33 поени и со 11 скокови, остварија значајна победа од 119:122.

Орландо Меџик победи против ЛА Лејкерс со 130:117, со што беше прекината победничката низа од 4 победи на Леброн и соиграчите. Никола Вучевиќ имаше 36 поени со 13 скока, од кои 24 постигна во второто полувреме.

Кај Лејкерс, Леброн постигна 22 поена со 7 асистенции, Стивенсон имаше 19 поени.

Њу Орлеанс предводен од Ентони Дејвис, кој забележа 40 поени надополнети со по 8 скока и асистенции, стигна до петтата победа на последните шест натпревари, славејќи против Денвер со 125:115.

Хјустон влезе во ритам по слабиот старт на сезоната и ја забележа четвртата победа во низа. Предводени од кој друг, ако не Харден, кој оствари 34 поени и 8 асистенции, Рокетс ги совладаа Сакраменто Кингс со 132:112.

За разлика од Хјустон, кој ја пронајде победничката формула, Бостон продолжува со променливите игри и по големата источна победа против Торонто. Селтикс загубија на домашен терен од Јута Џез со 86:98. До големата победа во Масачусетс, гостите ги предводеше Донта Мичел, со 28 поени.

Резултати на 18-ти ноември (ESPN)

Индијана ја победи Атланта со 97:89, ЛА Клиперс беа поуспешни на гостувањето кај Бруклин со 119:127, Оклахома забележа победа против Феникс од 100:110.

Торонто оствари лесна победа на гости кај Чикаго, со 83:122 и покрај отсуството на најдобриот играч Каваи Ленард.