ПОЧЕТНА НБА Далас и без Дончиќ е џелат за фаворитите

Далас и без Дончиќ е џелат за фаворитите

сподели
straitstimes.com

Жешкиот терен во Тексас уште еднаш се покажа како неосвоив за фаворитите кои им гостуваат на сезонава одличните Маверикс. Дури и во отсуство на својата млада ѕвезда Дончиќ, кој што е еден од најдобрите играчи, Далас го зеде скалпот на моментно водечкиот тим на Западот, ЛА Клиперс, со 114:110.

Словенецот и покрај тоа што не настапи поради болест, беше во центарот на вниманието. Камерата го улови со чуден израз на лицето, откако неговиот соиграч Смит го блокираше Херис и стана јасно дека Далас ќе забележи победа.

Аплицирајте веднаш за

Барнс со 30 и Бареа со 24 поени беа предводници на победничкиот тим. Кај поразените, најдобар поединец беше Харел со 23 поени.

Дерозан и Олдриџ заедно искомбинираа вкупно 65 поени, предводејќи го Сан Антонио до победа против Портланд со 131:118. Кај Блејзерс одличен настап имаше Лилард кој постигна 37 поени со 10 асистенции.

Резултати на 3-ти декември (ESPN)

Филаделфија го победи Мемфис со 103:95, потврдувајќи ја одличната форма во која се наоѓа. Ова беше 8 победа на последните 9 натпревари за 76ерс.

ЛА Лејкерс победија против Феникс со 120:96, Мајами ја совлада Јута со 102:100, додека единствената гостинска победа ја забележа тимот на Њу Орлеанс против Шарлот со 109:119.